Опасниот вирус не се шири со контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидe заразенo само ако тоа е каснато од заразениот комарец, а симптомите се јавуваат во рок од три до 14 дена по убодот.

Како што пренесува „Макфакс“, кај околу 80 отсто од оние кои се инфицирани, болеста тече без симптоми додека остатокот имаат блага клиничка слика

Од Институтот за јавно здравје информираа дека имаат обезбедено доволен број тестови за дијагностика на пациенти сомнителни за западно-нилска треска и дека годинава се испитани материјали од 25 сомнителни лица, но кај сите резултатите се негативни.

Од почетокот на септември, откако во земјите од регионот беа забележани повеќе смртни случаи од оваа болест, на сила се препораките за преземање превентивни мерки за заштита од вектор-преносливи болести, кои се пренесуваат преку комарци.

Да се постават заштитни мрежи на врати и прозорци, да се отстрани застоена вода од дворови, редовно чистње на олуците за да се овозможи истекување на водата, употреба на средства за заштита од каснување комарци.

Најчесто болеста поминува полесно без симптоми, а кај оние кај кои ќе се јават симптоми, истите се слични на грип, како што се покачена температура, изнемоштеност, болки по телото, може да се јават и гадење, повраќање и испип по телото.

Овие симптоми може да бидат резултат и на други респираторни заболувања и доколку почувствувате дел од овие симптоми, а сте каснат од комарец, пожелно е да се консултирате со матичниот лекар, советуваат од Институтот за јавно здравје.

Станува збор за арбовирусна инфекција, тесно поврзана со жолтата грозница, Сент Луисовиот енцефалитис, денга грозницата и други зоонози, чии вектори на пренесување се комарците, кој погубно делува кај птиците, а може да предизвика и сериозни здравствени проблеми кај животните и луѓето

Иако основен начин на пренесување е каснување на заразен комарец, маучниците во 200 година известија дека човек може да се зарази со вирусот Западен Нил и на други начини, на пример, преку трансфузија на крв или пресадување органи и ткива, иако овие ризици ги сметаат за минимални. Исто така, според медицинските студии, ,инфекцијата може преку крвта да ја пренесе и бремена жена на своето неродено дете. Најризична група се здравствените работи коишто доаѓаат во контакт со заразена крв кои не се придржуваат до прописите за заштита при манипулирање со материјалите па може со случаен убод со игла или исекотина да се заразат со вирусот Западен Нил

Вирусот Западен Нил првпат е изолиран од серумот на жена со грозница во 1937 година, во течението на реката Западен Нил, поради и што го добил името. По првичната изолација, овој вирус предизвикувал помали вирусни епидемии во Африка, на Блискиот исток, во Азија и во Австралија каде што е регистриран подтиоп. Од 1990-те години, вирусот на Западен Нил предизвикува и повремени епидемии во Европа и Северна Америка , коишто се поврзани и со зголемена инциденца на вирусниот енцефалитис и појава на други невролошки симптоми.

Во Македонија вчера беше соопштено дека е евидентиран првиот смртен случај предизвикан од Западно Нилската треска. Се работи за 53 годишна пациентка која спаѓала во таканаречената ризична група (боледувала од дијабетес и хипертензија), а со вирусот се заразила за време на престојот во Грвија пред 15 дена.

OhridNews
извор:„Макфакс“