-На оваа непопуларна мерка сме принудени поради неисплата на плата, со што е нарушен контунуитетот на добивање на здравствени, сини картони, со што вработените не можат да го остварат правото на здравствени услуги и секој месец се соочени со неможност на остварување на ова право. Мора да се наведе и тоа дека подолг период платите во Македонски железници, за разлика од инфраструктурата, се исплаќаат со задоцнување, а тоа е спротивно на законските прописи, односно Законот за плати и Законот за колективни договори, се вели во дел од соопштението на синдикатот.
Оттаму објаснуваат дека нема да има целосен застој во сообраќајот, туку само на одредени линии и возови.
– Патничкиот сообраќај ќе биде со намален интензитет. Нема да сообраќаат по еден воз кон Кичево, Гевгелија, Битола и Табановце, додека транспортниот меѓународен и домашен сообраќај нема да биде во прекин, информираат железничарите.