Околу стотина работници од компанијата „Трансмет“ кои работат на изградба на автопатот Кичево – Охрид денеска протестираа поради неисплатени три плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тие го блокираа патот кон селото Извор, јавува „Либертас“.

Како што пренесува порталот, работиците тврдат дека плартите им довнат од септември, а вчера разговарале и со претставници на компанијата кои им рекле деканемаат пари, дека не можат да го наплатат долгот од државата 

Од фирмата уверуваат дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени две од заостанатите три плати и оти работите на автопатот ќе продолжат.

Работниците пак, за утре најавуваат дека кај селото Извор ќе го блокираат локалното седиште на кинеската компанија Синехидро која е главен изведувач на работите.

OhridNews
извор:„Либертас“