
Вработените во образованието, како и нивните колеги од науката и културата, бараат поголеми плати и потпишување на колективните договори. Тие бараат надоместокот за храна да се исплаќа во износ од 20 проценти од просечната плата на ниво на држава, а надоместокот за превоз да биде во висина на реалните трошоци на работникот што ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. СОНК бара и трансформација на договорите за работа на вработените во образованието, науката и културата на определено време, во договори на неопределено време. Владата апелираше до СОНК да ја земе во предвид светската финансиска криза, како и напорите што таа ги чини за покачување на платите на вработените во споменатите дејности во исклучително неповолниот период за економијата.

Не отспауваме од нашите барања-Јанкуловски
„Не е точно дека платите во образованието се покачени за 44%, туку дека тие лани и оваа година се зголемени за 20%. Овие барања кои сега ги изнесовме се предмет на преговори повеќе од 2 години, а потпишани се и два меморандуми со ресорните министерства со кои тие се обврзуваат дека ќе ги потпишат колективните договори и истите ќе ги применуваат од 2009 година“, рече Јанкуловски. Тој најави дека штрајкот на вработените во образованието, науката и културата ќе продолжи до исполнување на барањата на синдикатот.












