Актуелниот освојувач на двојната круна во кошаркарското првенство на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, која во новата сезона ќе се натпреварува во регионалната АБА лига, во вторник го дозна распоредот за сезоната 2012/2013.

МЗТ новата сезона во АБА лигата ќе ја отвори против екипата на Цибона, натпреварот ќе се одигра во Загреб на 29. септември.

Првиот натпревар на домашен терен МЗТ ќе го одигра во второто коло кога во Скопје ќе гостува екипата на Широки.

Распоред на натпреварите на МЗТ во АБА лигата, сезона 2012/2013:

1. коло: Цибона-МЗТ Скопје

2. коло: МЗТ Скопје-Широки

3. коло Будуќност-МЗТ Скопје

4. коло: МЗТ Скопје-Раднички Крагујевац

5. коло: Сплит-МЗТ Скопје

6. коло: МЗТ Скопје-Црвена Звезда

7. коло: Олимпија-МЗТ Скопје

8. коло: МЗТ Скопје-Цедевита

9. коло: Игокеа-МЗТ Скопје

10. коло: Задар-МЗТ Скопје

11. коло: МЗТ Скопје-Солнок

12. коло: Партизан-МЗТ Скопје

13. коло: МЗТ Скопје-Крка