Македонската ракометна репрезентација против селекцијата на Хрватска ќе ја отвори втората фаза на Европското првенство во Полска. Хрватите кои по подолго време не се меѓу тесниот круг репрезентации а освојување на титулата на ЕП сакаат да изненадат од сенка.


– Нема ништо што не знаеме едните за другите, а плус на минатиот Мундијал и игравме. Ги анализираме добро нивните натпревари на ова Европското првенство. Ќе внимаваме на нивните јаки страни, а ќе пробаме да ги искористиме нивните слаби точки. – рече Мануел Штрлек.

Крилото на „коцкастите“ смета дека селекцијата на Македонија не ја сочинува само Кирил Лазаров туку и останати ракометари кои покажаа многу на мечевите од првата фаза. – Лазаров ја прави разликата на теренот, но во трите мечеви видовме дека и други можат да ја преземат лидерската палка.

Хрватска втората фаза ќе ја започне со два бодови додека Македонија ќе ги брка првите. Мечот се игра во четврток со почеток во 20:30 часот.

Мх.П.