Разврската околу шампионската титула во Бундес лигата беше решена од поодамна затоа сите погледи беа насочени кон борбата за опстанок.


Тимот на Штутгарт успеа да обезбеди опстанок, а Хамбургер преку баражот ќе се бори за нова сезона во елитното германско фудбалско друштво.

„Швабите“ како гости во директниот дуел со Падерборн славеа со 2-1, а Хамбургер пред своите гледачи го совлада Шалке со 2-0. Во втората лига се селат Фрајбург и Падерборн.


„Баварците“ со победата 2-0 над Мајнц ја прославија новата титула во Бундес лигата вкупно 25-та во историјата.

Заедно со „баварците“ во Лигата на Шампиони патуваат Леверкузен, Менхенгладбах и Волфзбург. Аугзбург и Шалке ќе ја преставуваат Бундес лигата во Лигата на Европа.

Мх.П.