По 41 година Штудгарт ќе се пресели во Втората Бундеслига. Поразот од Волфсбург со 3-1 беше само крај на мини шансите на “швабите“ за опстанок во лигата. Во последното коло по триумфот на Вердер над Ајнтрахт со 1-0, со голот во 88 минута “зелените“ остануваат во елитата, додека избраниците на Нико Ковач ќе играат во баражот против Нирнберг.
Баерн Минхен по четврти пат во низа ја освои титулата, диркетен пласман во лигата на шампиони обезбедија Борусија Д и Баер Леверкузен, додека Менхеглдабах ќе игра во квалификациите. Во Лигата на Европа ќе играат Шалке и Мајнц, додека Херта ќе игра во плејофот. Покрај Штудгарт лигата ја напушта уште и Хановер.
ohridnews