Екипата на Штутгарт го „скрши“ седумгодишното проклетството против тимот на Борусија Дортмунд победувајќи го со 2-1 во првиот меч од 12-та рунда во Бундес лигата.
„Швабите“ 12 натпревари или седум години немаа победа над „милионерите“ кои никако да излезат од кризата која се зголеми на пет мечеви.
Почетокот на дуелот и не наговестуваше поправање на работите, откако Барта со голманот Бурки не се разбраа и дозволија лесен погодок во сопствената мрежа. Работите под контрола ги врати Максимилијан Филип во судиското продолжение кој погоди после нереализираниот пенал од Андре Шурле. Трите бодови за голема радост на Штугарт ги донесе Јосип Брекало во 51-та минута од натпреварот.
Иницијативата на теренот и неколкуте шанси гостите не ги претворија во погодок и мораа да се помират со поразот, кој ќе ја размрда фотељата на стратегот Питер Бос.
OhridNews