Шума гори кај Ќафасан. Пожар во полето крај Струга
25.07.07 16:09
Огнените стихии во Македонија како да „решиле“ се` да изгорат. После огромниот пожар во битолско кој е донекаде стопиран, на „ред“ дојдоа и струшкиот регион и Ќафасан. Околу 100 хектари дабова и борова шума, непосредно до граничниот премин со Албанија горат, а ветерот кој го менува правецот секој момент сесрдно „помага“ во ширењето на пожарите. Пожарникари од Струга и Охрид, потпомогнати од работници во шумските претпријатија, се борат да го локализираат огнот што кај Ќафасан е веќе стигнат до патот. Но, од она што го видовме на терен, недостига и механизација и опрема, но и луѓе за гасење на пожарите. Градоначалникот Мерко изјави дека нема опасност пожарот да ја префрли планината и да „тргне“ кон селото Радожда и хотелите „Изгрев“ и „Бисер“
Гори половина планина. Ќафасан
Само еден пожарникар на илјадници квадрати пожар
Пожарот „слезе“ до патот Струга – Ќафасан
Додека градоначалникот Мерко ангажира луѓе и ресурси кај Ќафасан (тој и беше на лице место), пожар од големи размери го зафати и струшкото поле, во близина на селото Враништа. Луѓето од крајпатните фабрики и деловни објекти сами се бореа со стихијата, огнот и густиот чад. Нешто подоцна околу 14.30 на делот зафатен со пожар, од патот гасеше пожарникарен камион. Патот Струга – Дебар беше затворен. Од далечина можеше да се види дека пожарите се шират со голема брзина и спрема селата Враништа и Мороишта.
Храбар човек гаси сам на патот Струга – Дебар
Ако не се ангажираат повеќе луѓе, односно ако Општината Струга не добие реална помош во гаснењето на пожарите, и` следува драма како на Битола.
Поставена фотоволтаична централа во Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св Наум Охридски“ Охрид Со поддршка на локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, во на...
Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување Тие претставуваат мала пауза од рутината – прос...
3Д мапинг музичко-сценско шоу „Ехото на Охрид“ денес ќе се одржи во дворот на Гимназија „Св Климент Охридски“ – Охрид во периодот од 18 до 22 часот Концептот на шоуто односно сценариото и режијата...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.