Адвокатот на Михаел Шумахер, Феликс Дам на суд детално ги објасни сите повреди кои легендарниот Формула 1 пилот ги доби после падот при скијање 2013 година во Франција.
Фамилијата на Германецот на суд го даде весникот „Бунте“ поради текстот во часописот дека 47 годишниот Шумахер може да оди. При сослушувањето адвокатот ги објаснил повредите од кои некои протекоа во јавноста. – Тој не може да оди, а не може ниту да седи без помош на физиотерепавте. – објаснил Феликс Дам во судот.
Најблиските на Михаел Шумахер тужбата ја покрена за нарушување на приватноста и не вистини, а разврска се очекува во октомври месец годинава.
Од самата несреќа до денеска, никој точно нема никаква информација за здравјето и ситуацијата на Шумахер кој се лекува во Швајцарија каде живее со своето семејство.
OhridNews