Швајцарскиот весник Блик, ги објавил деталите околу тајното префрлање на Михаел Шумахер од Универзитетската болница во Гренобл до клиниката за рехабилитација во Лозана.

Соред весникот Шумахер со амбулантно возило, а не со хеликоптер, бил префрлен во Лозана, која од Гренобл е оддалечена 200 километри. Возачите воопшто не знаеле кого превезуваат, а со цел да се заштити неговата приватност, на сите кои биле вклучени во транспортот им биле одземени мобилните телефони.
Исто така, Шумахер во Лозана бил префрлен под лажно име, така што ниту персоналот во клиниката за рехабилитација во Лозана не знаел кој е новиот пациент.
Клиниката во која е сместен Шумахер се наоѓа на 30 километри од семејната куќа на легендарниот возач, на брегот на Женевското езеро.
„Макфакс“









