Седум кратниот првак во Формула 1, Михаел Шумахер на крајот од минатата година имаше страотна несреќа по која беше во вештачка кома до јуни оваа година.

– Ќе остане инвалид до крајот на животот и ќе биде зависен од другите луѓе. Доживеа трајни оштетувања и ќе биде навистина голем успех ако за три месеци ќе може да седне без нечија помош или пак ќе може да управува со електрична инвалидска количка за шест месеци – потенцираше Ридерер.
Шумахер ја доби првата битка и остана меѓу живите, а пред него престои долг процес на ребилитација по падот при скијање.
Ohridnews










