Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски го објави поширокиот список на играчи за престојното ЕП во Србија кое започнува на почетокот од јануари идната година.


Ацо Јоноски наместо повредениот Мите Стоилов е единствената измена на списокот на играчи. Репрезентацијата до настапот на ЕП во периодот од 21 до 30 декември ќе бидат на подготовки на Златибор, каде што на 27 декември ќе играат пријателски меч со Црна гора. На 8 јануари во Смедерево ќе играат контролен натпревар и со репрезентацијата на Србија. Дефинитивниот список Шундовски ќе го обајви наскоро на кој ќе се најдат само 20 ракометари.

Голмани: Борко Ристовски, Петар Ангелов, Никола Митревски, Петар Мисовски.

Бекови:Кире Лазаров, Влатко Митков, Лазе Мајнов, Милан Левов, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Бранислав Ангеловски, Мите Стоилов, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Милорад Кукоски, Горан Кузманоски, Никола Стојчевски.

Крила: Влатко Темелков, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Стевче Алушовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлевски, Александар Ангеловски.

Пивоти: Ванчо Димовски, Стојанче Стоилов, Никола Марковски.