– Повеќе ја посакувавме победата и стигнавме до тој многу посакуван пласман во квалификациите за ЛОИ – рече селекторот Звонко Шундовски по историскиот резултат на репрезентацијата.


Шундовски потенцираше дека момците со сето залагање и вложен труд заслужиле да им се оствари сонот.

Им честитам на играчите, одиграа еден
максимално тежок турнир. Беа борбени и пожртвувани и заслужено дојдоа
до големиот успех за македонскиот спорт. Го остваривме сонот на сите во
Македонија. Ова е голема победа за нас, за целата држава, ова е огромен
успех. Сега одиме на квалификации за да избориме пласман на ЛОИ во
Лондон. Тоа е сон на секој спортист
– заврши Шундовски.

М.П.