Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски, го соопшти списокот на играчи, кои ќе конкурираат за место во националниот тим, за настап на преолимпискиот турнир во Гетеборг.


На списокот на селекторот нема никакви изненадувања, на него се наоѓаат ракометарите кои, во јануари, на Европското првенство го освоија 5-то место, а повикани се и Митко Сотилов, кој поради повреда го пропуши Еуро 2012, потоа Милан Левов и третиот голман Никола Митревски:


Список на ракометари:
1. Борко Ристовски (Гуммерсбах)
2. Петре Ангелов  (Металург)
3. Стевче Алушовски (Металург)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Владимир Темелков (Башараге)
6. Златко Мојсоски (Металург)
7. Ванчо Димовски (Металург)
8. Стојанче Стоилов (РК Вардар ПРО)
9. Кирил Лазаров (Атлетико Мадрид)
10. Аце Јоновски (Металург)
11. Бранислав Ангеловски (Цонстанца)
12. Филип Миркуловски (Металург)
13. Велко Маркоски (Металург)
14. Наумче Мојсовски (Металург)
15. Филип Лазаров (РК Вардар ПРО)
16. Митко Стоилов (Металург)
17. Никола Маркоски (РК Вардар ПРО)
18. Влатко Митков (Барнабах Коблах)
19. Никола Митревски (Металург)
20. Левов Милан (Металург)

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат во среда, а веќе е најавено дека поради клупски обврски истито ќе го пропуштат Лазаров, Ристовски и Влатко Митков.


Преолимпискиот турнир во Гетеборг ќе се одигра од 6 до 8 април, пласман во Лондон ќе изборат прво и второпласираната репрезентација. Противници на Македонија во гетеборг ќе бидат Шведска, Унгарија и Бразил.

Ohridnews