Селекторот на македонската репрезентација, Звонко Шундовски сеуште го нема објавено списокот на 16-те ракометираи кои ќе патуваат на Европското првенство во Србија. На прескоференцијата селекторот, заедно со ракометарите најавија “фајтерска“ борба во салата “Чаир“ во Ниш.


Со последниот тренинг во Скопје, ќе ги “склопам“ коцките и ќе го објавам составот кој ќе патува за Србија. Подготовките ги обработивме максимално, имавме мали проблеми со повредите но “се на се“ сме 100% спремни физички за ЕП. Ни преостануваат уште неколку дена да ги поправиме тактичките грешки, и  подготвени да влеземе во премиерниот дуел со Шведска – истакна селекторот Шундовски.


Еден од носителите на играта во македонскиот состав, Наум Мојсоски заедно со Лазаров ќе го сочинуваат “убиствениот“ тандем на Македонија, повторно ја истакна важноста на првиот меч против Шведска.


Добро е да се отвори шампионатот со триумф, потоа вратите ни се отвараат широко. Против “викинзите“ е нашата шанса, противникот е фаворит и притисокот ќе падне врз нив а ние нема што да загубиме. Со подршката од “македонската фаланга“ која ќе дојде во голем број во Ниш, ќе собереме сили и ќе ја минимен групата – потенцираше Мојсоски.

Македонија првиот натпревар од Европското првенство го игра в недела со почетокот во 17 часот.
 
Веројатниот состав на Македонија кој ќе патува во Србија :

Голмани : Петар Ангелов, Борко Ристовски

Крила : Стевче Алушоски, Дејан Манасков, Златко Мојсоски, Владимир Темелков

Бекови : Бранко Ангеловски, Филип Лазаров, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсоски Филип Миркуловски, Кирил Лазаров. Влатко Митков

Пикери : Ванчо Димоски, Стојанче Стоилов

Мх.П.