Тимот што победува не се менува, така што нема да има спектакуларни промени -вели селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски во изјава за „Утрински Весник“


Селекторот не сака да избрзува со списокот плашејќи се од евентуални повреди на репрезентативците, патниците ќе ги одреди на 25 март, а пред квалификацискиот турнир на 1 и 2 април во Скопје неговите избраниците ќе одиграат двомеч со Романија.

Две победи гарантираат Олимпијада, но има и други калкулации. Многу важен е првиот натпревар бидејќи Унгарците ни се директни ривали за едно од двете први места, но турнирот мора да се одигра до крајот, без оглед на резултатот на првиот меч. Шведска е домаќин и најголем фаворит, а Бразил е непознаница“, вели Шундовски.

На стартот во Гетеборг на 6 април од 14,45 ч. не очекува Унгарија, следниот ден од 16 ч. е дуелот со домаќинот Шведска и на 8 април од 14,45 ч. е средбата со Бразил.

На Игрите во Лондон ќе има место за двете најдобри селекции од групата.

Ohridnews