Германскиот фудбалски репрезентативец Андреа Шурле би можел да го напушти Челзи и да ја продолжи кариерата во мадридски Атлетико. Според весникот, тренерот на шпанскиот шампмион, Диего Симеоне ќе се обиде да ги искористи добрите односи со Жозе Мурињо, откако во текот на летото му ги „продаде“ Диего Коста и Фелипе Луис, за да го ангажира Ширле.

Во прилог на „јорганџиите“ им оди фактот што Мурињо има еден странец повеќе во клубот пред да го пријави списокот на играчи за Премиер лигата, како и дека на позицијата на Шурле има најмногу конкуренти. Ширле ја започна кариерата во Мајнц, а минатото лето пристигна во Лондон од Леверкузен и на 30 наптревари постигна осум голови. За репрезентацијата на Германија одигра 39 натпревари и постигна 16 голови.

Пепе Реина број 2 во Баерн

Шпанскиот голман Пепе Реина(31), кој минатата сезона како позајмен голман бранеше во Наполи, кариерата ќе ја продолжи во Баерн, објави извршниот директор на германскиот шампион Карл-Хајнц Румениге. Реина кариерата ја започна во Барселона, а потоа премина во Виљареал, за во 2005 година да стигне во Ливерпул.

 

Но, минатата сезона стана вишок во тимот на „редсите“ и замина на позајмица во Наполи, каде што беше прв голман. По истекот на позајмицата, Ливерпул реши да го продаде на Баерн. За репрезентацијата на Шпанија Реина има брането на 33 мечеви

“макфакс“