Португалскиот стручњак Жозе Мурињо не е повеќе тренер на актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси.


Ваквата одлука сопственикот на клубот од Стемфорд Бриџ, Роман Абрамовиќ ја донесе по состанокот со бордот на директори.

Сезонава под водство на „специјалниот“ екипата на Челси бележеше слаби резултати во Премиер лигата откако минатата доминатно стигна до титулата во Англија.

Со 15 бодови од 16-ет натпревари „сините“ се наоѓаат на 16-та позиција на табелата со само два бодови повеќе од местото кое води во понизок ранг.

За негови наследници се споменуваат неколку имиња, а англиските медиуми шпекулираат со шпанскиот стратег Хуанде Рамос кој во минатата беше менаџер на Тотенхем.

Ohridnews