Иако Жозе Мурињо му забрани да тренира со првиот тим на Манчестер Јунајтед, Бастијан Швајншатјгер нема намера да бара нов клуб, барем не во Европа.


Поранешниот капитен на германската репрезентација, објави дека и понатаму ќе му стои на располагање на менаџерот и дека останатите клубови не треба да го контактираат.

„Манчетсер Јунајтед ќе биде мојот последен клуб во Европа. Ги почитувам останатите клубови, но Јунајтед беше единствениот кој можеше да ме донесе од Баерн. Доколку му бидам потребен на тимот јас сум тука. Тоа е се што можам да кажам“, рекол 32-годишниот Германец, пренесува „Макфакс“.

Оваа изјава на Шванштајгер веројатно значи дека тој кариерата ќе ја продолжи на друг континент.

OhridNews