Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во тимот на Чикаго кој се натпреварува во МЛС лигата.


Пред да се официјализира договорот поранешниот члена на германската селекција треба да ги мине лекарските прегледи и да ги комплетира потребните документи.

Како што пренесуваат англиските медиуми, фудбалерот и клубот од Америка и минатата сезона имале средба, но Манчестер Јунајтед не дозволил преселба на Германецот.

Швајнштајгер во редовите на Манчестер Јунајтед се пресели август 2015 година од Баерн Минхен, но во Премиер лигата не успеа да ги повтори игрите и успесите од Бундес лигата.

Жозе Мурињо на почетокот од оваа сезона го префрли Германецот во резервниот тим со што му стави до знаење дека не смета на неговите услуги иако потоа запиша три настапи по еден во Премиер лигата, Лигата на Европа и Лига купот кој Манчестер Јунајтед го освои.

OhridNews