Манчестер Јунајтед со трите бодови од гостувањето кај Ватфорд скокна две позиции на табелата и се најде зад новиот лидер Лестер. До триумфот „црвени ѓаволи“ стигнаа со автоголот на Динеј по ударот на Швајнштајгер во 92-та минута од натпреварот.


– Овие три бодови се многу важни за нас. Секогаш прво мора да верувате во победа, за да на крајот се радувате на неа. Без голема самодоверба никој играч не може да пружи стопроценти на теренот. Да, имавме и голема среќа при голот но, таков фудбалот треба и среќата да те прати. – рече германскиот репрезентативец.

Токму новиот лидер на табелата е противник на клубот од Олд Трафорд следниот викенд, но прво Јунајтед има обврски против ПСВ во Лигата на Шампиони.

– Следниот натпревар играме против Лестер, а тој меч ќе биде многу тежок. Ако успееме и на тој натпревар да победиме тогаш ќе можиме слободно да кажиме дека сме вистински конкуренти за титулата сезонава. – заврши популарниот Швајни.

Среќна победа на „црвените ѓаволи“ против Ватфорд (видео)

Мх.П.