Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер по барање на Луис ван Гал пристигна во Манчестер Јунајтед и требаше да биде искусен темел на успешниот проект. Но, работите не се одвиваа така ниту за популарниот Басти ниту за Ван Гал кој доби отказ од клубот, а Германецот осум месеци подоцна Олд Трафорд го замени со стадионот на Чикаго.
Професионалноста на Швајнштајгер ги плени навивачите на „црвените ѓаволи“ иако фудбалерот беше во немилост кај Жозе Мурињо и одредено време тренираше со втората екипа.
Швајнштајгер не успеа во дресот на Манчестер Јунајтед иако во првата сезона и единствена успеа да се закити со трофејот од ФА Купот. Во втората сезона, инаку прва за Мурињо тој настапи само три пати, што беше доволен показател за искусниот фудбалер какви планови има Португалецот со него.
Педатните англичани составија листа на ѕвезди за кои Премиер лигата била преголем залак или пак трансфер во лошо време и на лошо место.
Топ 10:
10. Жорж Веа
9. Паоло Фурте
8. Марио Жардел
7. Фернандо Мориентес
6. Анхел ди Марија
5. Рубињо
4. Бастијан Швајнштајгер
3. Хуан Себастијан Верон
2. Радамел Фалкао
1. Андреј Шевченко
OhridNews