Швајцарски брачен пар патува околу светот 23 години и пропатувале низ 156 земји а оваа недела пристигнале на Тајван, објавил тајванскиот печат.

Емил Шмид (65) и Лилиана Шмид (66) пристигнале на Тајван  во саботата од Источен Тимор. На пат околу светот тргнале во 1984 година отпатувајќи во САД. Емил е електроинженер, а глобалната авантура ја започнале единствено со желба на година дена да побегнат од своите обврски. Но година дена патување не им било доволно па постојано го продолжувале патувањето кое се уште трае. Во изминатите 23 години ја обиколиле Северна и Јужна Америка, Африка, Европа и Југоисточна Азија. Во својот дом во Швајцарија во тој период се вратиле само три пати. Сега сакаат да ги посетат сите држави во светот , а на листата им се останати уште 35 од вкупно 192 држави. Преживуваат со 36 долари дневно, спијат во шатор и пијат дезинфицирана вода од реки и езера.

„Вреќа за спиење, зимска јакна, пречистувач за вода и карта се најважните работи при нашето патување. Најголемо богатство  од ова патување го сметаат тоа што ги виделе убавините на светот и го искусиле неограниченото пријателство со странците.

„Сакаме нашиот живот да заврши на ова патување“велат тие. Своите дневници, фотографии и новински интервјуа ги објавиле на својата интернет страница.  

J.M.