Швајцарските тенисери, Станислас Вавринка и Рожер Федерер ќе ги одмерат силите во едно од двете полуфиналиња на Австралија Опен.
Во четвртфиналните натпревари Вавринка и Федерер со идентични 3-0 над своите ривали Жо Филфред Цонга односно Миха Ѕверев.
Шампионот од 2014 година, Вавринка неочекувано лесно и убедливо го совлада Французинот, Цонга кој парираше само во првиот сет. Во двата преостанати доминираше Швајцарецот и го чекираше полуфиналниот билет.
Најтрофејниот тенисер, Федерер комплетно ја оправда улогата на фаворит против Ѕверев кој немаше ниту сила и квалитет да стори нешто повеќе.
Втората полуфинална двојка ќе се комплетира по одигрувањето на четвртфиналните мечеви меѓу Давид Гофин – Григор Димитров односно Рафа Надал – Милош Раониќ.
OhridNews