Репрезентацијата на Шведска триумфираше на Европското првенство Б – дивизија што се одигра во Охрид. Во финалниот меч Шведска ја победи Португалија со 64-55 потврдувајќи ја доминација на шампионатот.


Фарија Абди со 21 поен и 5 скока беше најдобриот поединец на финалниот натпревар. Двоцифрена мечот го заврши уште и Фодгемарк која уфрли 11 поени.

Кај поразениот тим три кошаркарки мечот го заврши со двоцифрен број на поени, Андраде 15, Домингеш 12 и Брандао 10.

Ohridnews