Селекциите на Шведска и Франција се првите репрезентација кои обезбедија пласман во полуфиналето на Мундијалот кој се одржува во Германија.

Швеѓанките за влез помеѓу најдобрите четири ја совладаа Данска во скандинавската пресметка со 26-23, додека „триколорите“ со 25-22 ја победија селекцијата на Црна Гора.

За полуфинален билет на преостанатите два четвртфинални мечеви ќе се борат Холандија – Чешка односно Норвешка – Русија.

OhridNews