Репрезентациите на Шведска и Порутгалија ќе играат во финалето на Европското Првенство Б – Дивизија што се игра во Охрид.


Во полуфиналните пресметки Португалија ја изненади фаворизираната репрезентација на Чешка совладувајќи ги со 63-60.

И второто полуфинале беше одлучено во финалнатата минута. Повеќе среќа и концентрација имаа “викинзите“ кои со 73-71 ја победија Грција.

Финалниот натпревар се игра вечерва во 20 часот.

М.П.