Шведската скијачка Шарлот Кала го освои првиот златен медал на 23-тите Зимски Олимписки игри кои се одржуваат во Пјонгчанг.
Кала триумфираше во дисциплината скијатлон, која е поделена во две делници 7.5 километри класично скијање и 7.5 километри слободен стил.
Првото доделување на наградите донесе и рекорд, откако 37 годишната Норвежанка Марит Бјоерген со сребениот медал стана најуспешна спортистка историјата на ЗОИ.
Кала со златниот медал од Пјонгчанг дојде до петтото вкупно одличје, додека Марит стигна до 11 медал од олимписките натпреварувања.
Бронзата во скијатланот и припадна на финската преставничка Криста Пармакоски која го освои првиот медал во поединечна дисциплина.
OhridNews