Секое поколение има свој испит пред историјата, а обврска на денешните генерации е со знаење, право, етика, единство и заслуги да ги оживотворат подвизите на претходниците, порача претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
Во празничната порака таа ја нагласува потребата знаењето да го замени незнаењето, правото и моралот самоволието, а единството да го надмине раздорот. Заслугите, посочува претседателката, треба да бидат пред политичките, партиските и статусните привилегии.
На востаниците и на партизаните им должиме заслужена почит што се избориле и ни оставиле држава!, истакнува Сиљановска-Давкова.
Таа додава дека денешните генерации имаат политичка, економска и граѓанска обврска да градат демократска, правна и просперитетна европска држава.
Секое поколение има свој испит пред историјата. Нашиот испит не е да раскажуваме, а уште помалку да ги повторуваме битките на претходниците, туку, да ги оживотвориме нивните подвизи: со знаење, наместо со незнаење; со право, етика и морал, наместо со самоволие; со единство, наместо со раздор; со заслуги, наместо со политички, партиски и статусни привилегии, порачува претседателката.
Г.М.












