На Бил Брамант (67) од Чикаго најомилено пиво му било „Pabst Blue Ribbon“. Толку го обожавал што си направил ковчег со облик на лименка од тоа пиво. Бил не е болен па не планира за брзо да го користи. За сега го користи како фрижидер. Долг е 1.82 метри а тежок 126 килограми. Го испробал и ќе одговара.


– Го направив за забава за пријателите и го полнев со мраз, и се разбира со Pabst Blue Ribbon, рекол Бил.

Го нарачал од погребното претпријатие Панзо Брос, а лименката пиво ја дизајнирала компанијата Скот Сајн.