Поранешниот играч на Милан, 37-годишниот Кларенс Сидорф е нов тренер на тимот, објави клубот. Сидорф на тренерската позиција ќе го наследи Масимилијано Алегри, кој поради лошите резултати, во понеделникот, доби отказ.

Инаку, во понеделникот, по состанокот на кој на Алегри му беше врачен отказот, раководството објави дека до крајот на сезоната екипата ќе ја предводи Мауро Тасоти.

Сепак, по само 24 часа, челниците на Милан решија довербата да му ја дадат на Сидорф, кој во дресот на овој клуб настапуваше од 2002 до 2012 година.

Италијанските медиуми шпекулираат дека помошници на Сидорф би можеле да му бидат Јап Стам и Хернан Креспо.

„Макфакс“