Во вториот круг влегуваме мотивирани повеќе од било кога! Народот јасно ја испрати пораката во првиот круг – време е за промени, време е за нова енергија и чесно водство, рече кандидатотот за градоначалник на Општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Златко Силјаноски на вчерашниот одржан работен состанок со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков.
Разговаравме за проектите што ќе ја придвижат Дебрца напред – европска, модерна и просперитетна општина каква што заслужуваме. Имаме двојна предност пред Зоран Ногачески и мнозинство во Советот – 6 од 9 советници! Тоа е јасен знак дека Дебрца стои цврсто зад промените и новата иднина. Дебрца добива нов градоначалник! Одиме заедно кон историски најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ во нашата општина, потенцираше Силјаноски.
OhridNews












