Силекс го победи Охрид`04 со 2-1 на пријателскиот натпревар одигран на Билјанини Извори. По мирните 0-0 во првиот дел, на стартот на вториот, кратовци со двата гола на Дуриќ го скршија отпорот на белите. За гостите при постигнувањета на вториот гол асиситиршае охриѓанецот Кочоски.


Стрелец на почесниот погодок за “рибарите“ беше бранителот Мартиноски. За избраниците на Џајо ова е втор пораз на подготовките по онај од Пелистер со 6-0.

Силекс наредната контрола ќе ја има со тимот на Бочески, Напредок во сабота во Кичево.

М.П.