Утрово, во 3 часот и 5 минути, Охрид го зафати силно невреме, проследено со интензивни електрични празнења, силен ветар, врнежи од дожд и град.

Според податоците на Хидрометеоролошката служба во Охрид, брзината на ветрот изнесувала 18 метри во секунда, а за половина час колку што траеше невремето, наврнале 18 литри дожд  на метар квадратен.

Град утрово го погоди Охрид

Во раните утрински часови, по завршувањето на невремето, можеа да се забележат искршени и испаднати дрвја и гранки, како и поплавени места по градот.

OhridNews