Попладнево, Скопје го зафати силно невреме, пропратено со интензивен локален дожд, силни  електрични празнења, ветар и појава на град.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, до 14 часот во Скопје наврнале 16 литри дожд на метар квадратен.
Надлежните екипи при јавните претпријатија се на терен и ги расчистуваат последиците по невремето.

Обилни врнежи од дожд и електрични празнења, попладнево, беа забележани и во полошкиот регион и општина Росоман.