ФИФА го одби барањето на Лестер да го регистрира португалскиот репрезентативец Адриен Силва. Англискиот тим пријавата до ФИФА ја испратил 14 секунди по завршувањето на преодниот рок.

Бидејќи Португалецот не е регистриран во предвидениот рок, тој за Лестер ќе стекне право на настап на почетокот на наредната година.

Лестер го донесе Силва од Спортинг Лисабон за сума од 22 милиона фунти во летниот преоден рок. Конечниот договор двата тима го постигнаа вечерта на 31 август во самиот финиш на преодниот рок.

Иако Лестер го договори трансферот со Спортинг, не успеа навреме да ја испрати пријавата до ФИФА. Премиерлигашот со пријавата задоцнил 14 секунди.

Клубот објави дека ќе се жали на оваа одлука на ФИФА.

Доколку жалбата не биде прифатена, тогаш Лестер ќе смета на Силва од јануари, а дотогаш тој ќе прима редовно плата и ќе може само да тренира со тимот.

OhridNews