Аргентинскиот стручњак Диего Симеоне не е задоволен од челниците на Атлетико Мадрид поради инфериорноста во преговорите со Диего Годин за продолжување на соработката. Искусниот дефанзивец на лето без оштета и како слободен агент многу веројатно ќе го засили италијанскиот калчолигаш Интер.

  • Атлетико Мадрид на Годин му вети некои работи поради кои фудбалерот го одби Манчестер Јунајтед. На крајот ветувањата не се исполнети и фудбалер ќе замине. Во ниту еден момент не е вложен труд во преговорите за продолжување на соработката. Во моментов ние бараме решение за секој можен исход. – изјави Симеоне.

32-годишниот репрезентативец на Уругвај во 2010 се пресели во Атлетико Мадрид од тимот на Виљареал. Во досегашниоте осум и пол сезони Годин има настапено на 368 натпревари и заслужено ја носи капитенската лента.

OhridNews