Водечката екипа на табелата во Ла лига, Барселона направи крупен чекор напред кон титулата во Шпанија совладувајќи го Атлетико Мадрид со 1-0 на Ноу Камп.

Творец на победата беше Лионел Меси кој директно од слободен удар погоди и донесе победа за својот состав. Со голот против „јорганџиите“, Меси стигна до својот 600-ти во кариерата.

– Ако Меси играше за нас, тогаш ние ќе имавме водство и ќе го добиевме мечот. Во второто полувреме бевме рамноправни, но Меси разликата ја направи во првиот дел кога постигна маестрален погодок од слободен удар. И покрај поразот остануваме оптимисти и ќе се бориме се` додека имаме шанса за првото место на табелата. – изјави тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Барселона има осум бодови предност во однос на Атлетико Мадрид на 11 рунди до крајот на првенството.

Меси го реши Атлетико Мадрид, а и дилемите во Ла Лига (видео)

OhridNews