Атлетико Мадрид по подоброто изведување на пеналите го совлада ПСВ Ајндховен со (8-7) и обезбеди пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.


Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне искрено после мечот одговори дека неговите играчи не тренирале пенали иако ги погодија осумте кои ги изведоа.

– Не тренинзините не шутиравме пенали бидејќи тоа нема смисла. Тоа би било само губење време и ништо друго. – рече Аргентинецот и додаде. – Мојот помошник Херман Бургос уредно ги пратеше тие моменти и одново како и минатата сезона добро ги имаше анализирано сите детали. Јас му честитав и пласманот во 1/4 финалето е негова заслуга.


Стрелецот на победничкиот пенал Хуан Фран смета дека токму Симеоне е виновникот за трпението во пенал серијата и двата меча со ПСВ на кој не се тресеше ниту една мрежа.

– Елиминацијата минатата година од Реал Мадрид многу не погоди, но овој беше уште потежок меч. Нашиот тренер ни влеа самодоверба дека можеме покрај не толку добрата игра во двата мечеви. – потенцираше Хуан Фран.

Минатата сезона „кралевите“ со голот на Чичарито во продолжението на Сантијаго Бернабеу го елиминираа градскиот ривал откако двата мечеви завршија без голови (0-0).

ЛШ: Диего Симеоне лице број еден на Винсенте Калдерон (видео)

OhridNews