Аргентинскиот стратег Диего Симеоне на клупата од Атлетико Мадрид ги демантираше сите гласини дека ќе замине од „Винсенте Калдерон“ по завршување на сезоната.
За неговите услуги „загризаа“ екипите на Пари Сент Жермен и Манчестер Сити, но тој ги одби понудите и рече дека има сеуште недовршени работи со тимот на Атлетико.
– Се осеќам многу добро во Атлетико, но никогаш не сум задоволен. На прашањето зошто јас ќе ви одговорам дека не го знам лимитот на оваа екипа и секогаш може и подобро. Три години сум тука што ме прави среќен и веќе сега мислам на следните предизвици – рече Симеоне.
Минатата сезона беше антологиска за „јорганџиите“ кои ја освоија титулата во Примера и претрпеа пораз од градскиот ривал Реал во финалето од Лигата на шампиони.
Мх.П.