Атлетико Мадрид ремизираше пред своите гледачи 1-1 со Валенсија и не го искористи киксот на Реал Мадрид да се приклучи во борбата за титулата.
„Јорганџиите“ имаа водство со голот на Коке, но Мустафи го анулираше и донесе реми за „лилјаците“.
– Лигата е долга, но констатно ние заостануваме позади нашите два ривали. Борбата за титула е тешка и од овој аспект сега не реална. – рече Диего Симеоне и додаде за мечот со Валенсија. – Игравме многу добро во првото полувреме. Ги притискавме, не им дадовме многу простор и ги добивавме сите дуели. Во второто се повлековме со што им овозможивме игра за да постигнат погодок.
Атлетико Мадрид со 55 бодови се наоѓа на третата позиција со дефицит од седум односно шест од Барселона и Реал Мадрид.
Мх.П.