Со успесите на клупата од Атлетико Мадрид аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне целосно го сврти вниманието. Со него на клупата „црвено белите“ успеаја да му ја одземат шпанската круна на Реал Мадрид и Барселона.
– Кога за прв пат одржав пресконференција на Винсенте Калдерон кажав дека ќе направам се да го издигнам тимот многу високо, а со тоа да им направам проблеми на двата фудбалски гиганти. Успешни сме уназад три години, а и сезонава сме таков пат бидејќи разликата меѓу нас и конкурентите е три односно четири бодови – рече Симеоне.
Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ никогаш и за никоја цена не би прифатил да го води градскиот ривал на Атлетико, Реал Мадрид и бразилската селекција. Не би размисли ниту секунда и би ги одбил понудите – кратко прокоментира Симеоне на прашањето во интервјуто за официјалната страна на ФИФА.
Иако името на Диего Симеоне се споменуваше за селекторската позиција на Аргентина, сепак, на неговата адреса не пристигнала таква понуда.
– До сега не ми е понудено селекторското столче, но се надевам дека и таа епизода ќе ја имам во мојата кариера. Сметам дека таа позиција е за поискусни тренер кои можат да гледаат од повеќе аспекти, а не само фудбалскиот. Имам се` уште сила за тренирање со играчите секој ден бидејќи тоа репрезентативната работа не го дозволува – рече популарниот „Чоло“.
Мх.П.