Тенисерките Симона Халеп и Јелена Остапенко ќе ги одмерат силите во финалето на францускиот гренд слем турнир Ролан Гарос кое ќе се одигра в сабота.

Романката Халеп во 1/2 финалето ја совлада чешката тенисерка Катарина Плишкова во три сетови (6-4, 3-6, 6-3) за 2 часа и три минути игра.

Со идентичен резултат 2-1 во сетови пласман во финалето обезбеди и Литванката Остапенко. Таа во полуфиналниот натпревар подобра беше од Швајцарката Башчински во меч кој траеше 2 часа и 28 минути.

По одмотувањето на лопчето во женска конкуренција на ред се машките полуфинални натпревари во кои ќе се сретнат Надал – Тим односно Вавринка – Мареj.

OhridNews