Со песна, бенгалски огнови, ракети и друга пиротехника, симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ја прославија победата на предвремените парламентарни избори што вчера се одржаа во Македонија. Според првичните неофицијални резултати, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 53 до 55 пратенички мандати, додека опозициската коалиција предводена од СДСМ, околу 40.

Со симпатизерите на плоштатдот славеа и пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и раководството на општинскиот комитет, а атмосферата се пренесе и низ охридските улици.


Симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ  ја прославија изборната победа на охридскиот плоштад

OhridNews