Веќе една деценија во ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга, традиционално се одржува симулација на формален прием за учениците од четврта година.
Оваа недела се одржа повторно ваков формален настан како практична настава, на која му претходат теоретски подготовки на учениците за дипломатија и дипломатски протоколи. А самиот настан е збогатен со пригоден коктел и класична музика во живо. Честопати на овој формален настан традиционално учествуваат гости од различни локални и државни институции, информираат од ПСУ „Јахја Кемал“ Струга.

OhridNews












