Лидерот во Премиер лигата, Челси уште еднаш ги покажа шампионските афинитети победувајќи го Свонси со убедливи 5-0.
Четири од петте погодоци „сините“ ги постигнаа во првиот дел преку дуото Диего Коста – Оскар, а петтиот беше дело на Андре Шурле.
Победа по пауза од четири натпревари забележа и Манчестер Јунајтед, кој со 2-0 го совлада тимот на Квинс Парк Ренџерс.
Резултати : Астон Вила – Ливерпул 0-2, КПР – Мен Ју 0-2, Свонси – Челси 0-5, Барнли – Кристал Палас 2-3, Лестер – Стоук 0-1, Тотенхен – Сандерленд 2-1, Њукасл – Саутемтон.
Мх.П.