Годинава, и покрај обврските поврзани со екстерното оценување, наставниците од Лескоец најдоа време да се опуштат и да спортуваат играјќи пикадо, шах, хула-хоп, минувајќи време во брзо одење, одбојка, тенис, возење на педалиники, трчање во вода.
Подготовките за игрите започнаа рано изутрината, со составување на екипи и пријавување на учесници за игрите, како и со одржување на Молитвен Појадок за Победа* во кој со топли банички и јогурт сите учесници си посакаа фер-игра и секако победа во разните екипни и поединечни натпревари.
Натпреварувачки, денот започна во 9 часот со претходно составена агенда. Дел од игрите се одвиваа во дворот и во игралиштето на училиштето “Ванчо Николески” во Лескоец, каде што на победниците им беа доделени награди. Другиот дел од синдикалните спортски игри продолжија на брегот на Охридското Езеро, каде се одржаа натпревари во трчање во вода и атрактивното возење на педалинки.
Учесниците задоволни од реализираните активности, ветуваат нивно одржување и идната година.
Фото: Дим Дон