“If You Don´t Feel Right”, е прв сингл од заедничката соработка на DJ Nasty Deluxe и Mathew Brabham. Траката деновиве премиерно беше емитувана на најслушаната радио станица во Македонија „Антена 5“.

Синглот “If You Don´t Feel Right” на Dj DJ Nasty Deluxe & Mathew Brabham има три верзии, оригинална хаус верзија и два ремикса.

Оригиналната верзија е саунтрак на акционииот холивудски филм “Ultimate Justice”, кој неодамна имаше светска премиера.

Dj Nasty Deluxe – Кристијан Нестороски, е роден во Германија, а по потекло е од oхридскиот крај. Веќе десет години живее и работи во Охрид, а љубителите на денс музиката покрај во клубовите и отворените сцени на крејбрежјето можат да го слушаат неговиот деиџеј сет и на локалното „Супер радио“ каде тој редовно има своја емисија. Покрај тоа Dj Nasty Deluxe еднаш неделно има и двочасовна емисија за лондонско радио и е во постојан контакт со светски познати диџеи. 

Dj Nasty Deluxe има настапувано со светски познати диџеи како Tomcraft и други. Заeдно со продукцијата „City of Drums“ чиј дел е и тој имаат организирано повеќе квалитетни настани во Македонија на кои настапиле познати диџеи.

OhridNews